Тигрите фатија бегалец од затворот Идризово кај Блаце, осуден на затворска казна од над осум години

На 23.10.2025 околу 12:10 часот во с. Блаце, скопско, од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек потрага и САЕ Тигар од слобода е лишен Ф.К. (40), кој бил баран по потерница поради бегство од КПУ Затвор Идризово од 28.11.2022.

Ф.К. е осуден за сторено кривично дело по чл.215 и 396 од КЗ на казна затвор во траење од седум години и за сторено кривично дело по чл.144 ст.3 од КЗ на казна затвор во траење од една година и 10 месеци.

Ф.К. е предаден во КПУ Затвор Идризово.