Младата украинска тиктокерка со прекар Валерисш на таа платформа покажала како изгледа супермаркет во нејзината земја за време на руската опсада.
„Кога сакате да купите храна во супермаркет за време на војната во Украина“, напиша таа покрај видеото од речиси целосно празни полици во продавницата. „Го сакам мојот живот“, иронично додаде таа во описот.
Откако се вратила во прифатилиштето каде моментално е со родителите, покажала што успеала да купи. Таа купила авокадо, две крофни, сончогледово млеко, мини моцарела, два јогурти и – кокосова вода. Многумина беа изненадени што успеала да ги најде овие намирници во продавницата.
„Во мојот град има недостиг од леб и млеко, па продавниците веројатно продаваат се што им останало на залиха“, објаснуваат Украинците во коментарите. „Го земав сончогледовото млеко затоа што не можев да го најдам вообичаеното, кравјо млеко“.
Инаку, Валерисш секој ден на ТикТок објавува каков е нејзиниот живот откако Русите ја нападнаа Украина. Со родителите се крие во поранешната канцеларија на татко му, која ја претворија во прифатилиште.
