Тиндер воведува филтер за висина, мажите се лути: „Тогаш воведете и филтер за тежина“

TINDER тестира нова опција за преференција на висина за корисниците со Gold и Premium претплати, за да го персонализира корисничкото искуство и да се обиде да привлече повеќе жени, со оглед на падот на претплатниците.

Тиндер моментално тестира опција што им овозможува на корисниците што плаќаат да ја изберат својата преферирана висина кај потенцијалните партнери. Иако не е класичен филтер што блокира профили, оваа поставка влијае на препораките што ги прикажува апликацијата. Целта е да се понуди поперсонализирано корисничко искуство и да се привлечат повеќе корисници, во време кога апликацијата бележи пад на бројот на претплатници.

Оваа нова функција, која предизвикува сè поголема дебата, дополнително ја нагласува површноста на која многумина веќе негодуваат кај апликациите за запознавање.

естирањето на новата опција започна откако „Метч груп“, сопственикот на „Тиндер“, објави пад од 5% на претплатниците во последниот квартал. Според извештајот на TechCrunch, во првиот квартал од оваа година, апликацијата за запознавање на Match имала 14,2 милиони претплатници, што е намалување во однос на 14,9 милиони претходната година.

Со ова, Тиндер се обидува да профитира од перцепцијата дека апликациите за запознавање се површни. Претставник на компанијата потврди дека новата поставка е достапна како глобален тест откако корисник на Reddit сподели снимка од екранот на интерфејсот со вклучена опција за висина. Со оглед на тоа што Тиндер најчесто го користат мажите, и во САД и во остатокот од светот, компанијата можеби се надева дека оваа опција ќе привлече повеќе жени – и жени кои се подготвени да платат.

Според изјавата на Tinder, оваа опција нема да служи како строг филтер, туку само како преференција – затоа, нема да исклучува или блокира профили кои не го исполнуваат условот. Наместо тоа, алгоритмот ќе се обиде почесто да им покаже на корисниците кои се совпаѓаат со изразената преференција.