Тинејџерка повредена во сообраќајка со мотоцикл во тетовско

Вчера во 14.20 часот на ул. ,,Иво Лола Рибар“, пред крстосница со ул.,,Поточка“, мотоцикл „Кавасаки“ без регистарски таблици, управуван од Ф.Х. (24) од Тетово, со место на живеење с.Селце, излетал од патот и удрил во жардињери.

Од ударот со повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, Д.Х. (18) од село Слатино.

Таа со друго возило била пренесена во Клинички центар Тетово и по укажаната лекарска помош била задржана за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното