Тлото не мирува, во изминативе неколку дена се регистрирани низа земјотреси во Турција и Сирија.
На ЕМСЦ, веб страница која ги следи земјотресите, може да се забележи дека епицентарот на земјотресите е централна и источна Турција, како и на границата со Сирија.
Само во последните 4 часа се регистирани над 20 земјотреси со јачина која се движи од 2 до 3 степени според Рихтер, а регистриран е и појак земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер.