ТЛОТО НЕ СЕ СМИРУВА! Нов силен земјотрес ги потресе грчките острови, ситуацијата се влошува

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 9 минути на подрачјето на архипелагот Додеканез во Грција.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати на географска ширина 36,6018 и географска должина 25,6083.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 14 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Овој регион, недалеку од познатиот остров Санторини во Егејското Море, од саботата го погодија повеќе од 1.400 земјотреси, поради што илјадници луѓе го напуштија островот, стравувајќи од силен шок и вулканска активност.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното