ТОЛКУ: Избришана снимката со Ахмети во униформа на УЧК

Видеото со Ахмети во униформа на УЧК, кое се споделуваше од членови на ДУИ, беше избришано од интернет. На снимката, лидерот на ДУИ тврди дека никогаш не изгубил војна. Според партијата, видеото го прикажувало животот на Ахмети и не било провокација.

СДСМ ја осуди реториката на Ахмети, истакнувајќи дека етничките провокации се опасни за земјата и не се прифатливи. Според МВР, ДУИ со видеото сакала да ја дефокусира јавноста од истрагите против партиски функционери.

Видеото беше масовно споделувано преку фејсбук од членови и функционери на ДУИ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното