Томовски за владината ограда: Лоцирана е и е во незавидна состојба, акутна негрижа кон државниот имот

Новиот директор на СОЗР, Ивица Томовски на својот фејсбук профил напиша дека „денес Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири“.

„Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот“, пишува Томовски на својот фејсбук профил.

Во продолжение целата објава:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното