Тони Цетински ќе стане дедо

Познатиот пејач од Хрватска Тони Цетински наскоро ќе стане дедо за прв пат.

Неговиот син Кристијан и неговата избраничка Нина чекаат бебе, а Цетински не може да ја сокрие среќата поради тоа.

„Сега официјално се знае дека ќе бидам дедо. Кога бев на возраст од мојот син, станав татко малку подоцна. Но, во вистинско време. Сакав да искусам дека можам да бидам дедо и дека можам да трчам по внуците. Отсекогаш сакав да бидам млад дедо, затоа мојата цел ќе биде постигната во август“, вели Цетински.