Торино домаќин на Евровизија?

Евровизија следната година ќе се одржи во италијанскиот град Торино, објавија западните медиуми.

Од таму велат дека неколку италијански градови, меѓу кои и Рим, Милано и Фиренца, се кандидираа за домаќин на натпреварот, но според последните наводи, во 2022 година изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во Торино, северна Италија.

Европската радиодифузна унија и италијанскиот јавен радиодифузер „Раи“ кои го организираат натпреварот се очекува да ја потврдат одлуката во текот на денов.

Италија стана земја домаќин на популарниот музички натпревар за 2022 година, откако италијанската рок-група „Манескин“ победи на овогодишното издание.