Тошковски: Ова е време кога законот важи еднакво за сите!

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека законот важи еднакво за сите и дека секој ќе одговара ако направи прекршок, без разлика на етничка припадност. Во одговор на интерпелацијата од коалицијата „Европски фронт“, која се однесува на настаните од 28 ноември, Тошковски нагласи дека секој што ќе запали знаме на која било етничка заедница ќе одговара, а ако има докази, ќе биде затворен. Според него, Македонецот што го запалил албанското знаме и тројцата Албанци што го запалиле македонското знаме веднаш биле приведени.

Тошковски исто така информираше дека за време на неговото министерствување, криминалот и бројот на убиства се намалени за 17,8%, а кражбите за 35%.

Арбана Пашоли го повтори ставот на „Европски фронт“ дека сите граѓани треба да се третираат еднакво, додека Весна Бендевска реагираше дека се шири говор на омраза. Расправата продолжува, а интерпелацијата ја образложи пратеникот Елми Езири.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното