На 21.12.2018 година околу 12,00 часот на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе, и ул.„425“ и крак од ул.„Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Д (27) од Куманово, удрило во пешак Д.П (60) од Куманово.
Во незгодата Н.Д. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар Скопје.Увид извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се работи на расчистување на случајот.
Се вчитува...
