Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
4NEWS.mk

Традиционален саем на медот во Кочани со бесплатна едукација за потрошувачите

Во Кочани по 22. пат се одржува дводневниот Саем на медот, чиј организатор е локалното пчеларско здружение „Матица“. На манифестацијата, која е најголема од ваков вид во источниот регион, штандови имаат 25 пчелари и пчелни стопанства од Битола, Куманово, Тетово, Пробиштип, Свети Николе, Виница и од Кочани.

Покрај мед и пчелни производи, на посетителите на саемот им се нудат и пчеларски алати и опрема.

– Годинава беше релативно поповолна за пчеларството во споредба со претходните и произведовме квалитетен шумски мед. Во зависност од подрачјето во регионот во кој се наоѓаат пчелните семејства, количините се во рамки на просекот, односно околу 12 килограми од кошница. Присутни се и пчелари од беровскиот крај кои добија многу повисоки приноси од просечните. Иако немаме меѓусебен договор, сепак цената што ја бараат нашите пчелари се движи меѓу 350 и 400 денари за килограм, што е во рамки на рентабилноста, истакна претседателот на здружението „Матица“, Благој Митев.

Новина на саемот годинава е обезбедената бесплатна едукација со печатен материјал и средби со потрошувачите на кои им се укажува за корисноста од употреба на медот, како да препознаат природен мед и за начинот на користење на другите пчелни производи.

Покровител на манифестацијата е општина Кочани, а градоначалникот Николчо Илијев истакна дека при крај е постапката за прогласување на Осоговскиот регион за заштитено подрачје што се реализира во соработка со Македонското еколошко друштво и Програмата за зачувување на природата во Македонија.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни