ТРАГЕДИЈА: 19-годишно момче почина по пад во забавниот парк во Грција!

Момче (19) починало откако паднало во забавниот парк во Пефкохори, Халкидики. Несреќата се случила кога му пукнало столчето на апаратот на кој седел. Брзата помош пристигнала брзо, но младиот човек не можел да се спаси. Полицијата го уапсила сопственикот на забавниот парк, а истрагата е во тек. Младиот човек дошол со семејството на Халкидики и сите заедно отишле во забавниот парк да се забавуваат. Во еден момент му пукнала столицата на апаратот на кој седел.

Брзата помош брзо реагирала и го пренела младиот човек во болница, но набрзо по приемот била констатирана смрт.

Се вчитува...

Полицијата веднаш реагирала и го привела сопственикот на забавниот парк.

Истрагата ќе покаже дали несреќата е резултат на човечка грешка, технички дефект или несоодветно одржување.