ТРАГЕДИЈА: 31-годишен ММА борец падна за време на борбата и почина!

Искусниот ММА борец Исак Џонсон (31) ја изгуби свеста за време на борбата против Марио Александровски и почина.

Медицинскиот тим реагираше брзо, борецот веднаш беше префрлен во болница, но не можеше да се спаси. Неколку часа подоцна, пристигна веста дека го загубил животот.

„Немам зборови да ги изразам моите чувства. Нашиот борец Исак Џонсон падна кон крајот на натпреварот, медицинскиот персонал веднаш му помогна, но за жал не преживеа. Најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и соиграчите“, откри промотерот на турнирот Џо Гоита.

Наредена е обдукција за да се утврди причината за смртта на несреќниот борец.