Македонија

ТРАГЕДИЈА: 70-годишно лице од струмичко изгорело по палење на стрниште

Вчера околу 15:00 часот во атарот на струмичкото село Мокриево починал Ј.М. (70) од истоименото село откако бил пронајден со изгореници на телото.

Според СВР Струмица, било утврдено дека тој претходно излегол да го запали стрништето во местото „Ниш Поле“, а откако не се вратил дома неговата сопруга го пронашла починат со изгореници.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни