Според најновите информации на Cretapost, родителите на 7-годишно француско момче се уапсени од пристанишната полиција под сомнение за изложување на малолетно лице на опасност. Случајот веќе е предаден на надлежниот обвинител.
Семејството било на одмор на грчкиот остров Крит, каде што вчера попладне заминале на капење на плажата Маде. Во еден момент, детето ја изгубило свеста додека било во морето. Спасувачот реагирал веднаш, го извлекол и започнал кардиопулмонална реанимација, со што го стабилизирал детето.
Итната медицинска служба EKAB го префрлила 7-годишното момче во болница, но и покрај сите обиди, детето подоцна починало.
Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта. Трагичниот настан предизвика големо внимание во грчката јавност.
