Три тела се пронајдени во германската општина Нојмарк во Фогтланд во вторникот околу 08:30 часот. Полицијата ги пронашла во куќа на улицата Нојмаркер во областа Шенбах, откако биле повикани од сведок.
Двајца од загинатите се деца, изјави портпаролката на полицијата, додека третото починато лице е 55-годишен маж, пренесува Билд. Се вели дека се работи за 5-годишно момче и неговата двегодишна сестра.
Според германските медиуми, децата ги убил таткото, кој потоа се обесил во станот.
„Како татко, шокиран сум од таквата трагедија. Моите мисли се со ужалените и погодените во округот Нојмарк“, рече Томас Хениг, окружен администратор на округот Фогтланд.