Двајца планинари загинаа во лавина во саботата, на италијанските Алпи, во близина на границата со Швајцарија, соопшти денеска спасувачката служба. Лавината се случила околу пладне, на надморска височина од 2.200 метри во долината Формака, во областа Пиемонт во северна Италија.
Едната од жртвите била фрлена од лавината во езерото на дното на падината, додека другото тело било пронајдено во снегот.
И покрај силниот ветер, хеликоптерот успеал да ја приземји спасувачката екипа помогната од единицата за кучиња. Противпожарен хеликоптер со нуркачи бил испратен за да го извлече телото од езерото, соопштија спасувачите.
Идентитетот на жртвите не е соопштен.