Возач од Скопје почина откако му се слошило додека управувал со автомобил во близина на трговскиот центар „Мавровка“.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил денеска околу 16 часот, кога на возачот ненадејно му се слошило, по што возилото запрело во близина на споменикот на „Скендер Бег“.
На местото на настанот пристигнале екипи од Министерството за внатрешни работи и Итната медицинска помош, кои констатирале смрт и вршат увид за утврдување на околностите поврзани со случајот.