Трагедија го тресе фудбалот.
Напаѓачот на Габон, Арон Бупенџа загина откако падна од 11 кат на зграда во Кина.
Информацијата ја потврди и тренерот на букурешки Рапид, Мариус Шумудица.
Полицијата разгледува неколку верзии за тоа што се случило, меѓу кои и проверка на информации за кавга меѓу фудбалерот и неговиот брат, кој во тој момент бил во станот.
Бупенџа играше за Жеџјанг Професионал и договорот му беше со важност до декември 2026. Претходно играше за Рапид Букурешт, Синсинати, Ал Шабаб, Ал Араби и Хатајспор.
За габонската репрезентација Бупенџа одигра 35 натпревари од 2016 до 2023 година и постигна осум гола.