Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации, велат од ДУИ

ДУИ го реафирмира својот принципиелен став за целосна, независна и непристрасна правда. 

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени. 

За жал, гледаме како Власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност. 

Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда. 

Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби.

За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите. 

Затоа, ги повикуваме институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес. 

Само вистината и целосната одговорност можат да ја вратат довербата на граѓаните. 

Секој обид за одвлекување на вниманието од оваа цел не е во служба на правдата, туку во служба на оние што сакаат да ја сокријат вистината.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното