Сведокот Гоце Трајковски кој е предложен од Обвинителството рече дека поради неажурноста на полицајците, ги натерало со Александар да бараат снимки и да гледаат што се случило со девојчето.
„Со Александар се немав видено долго време пред грабнувањето на Вања. Истиот ден не се видовме, следниот ден имавме средба пред неговата зграда. Александар го прашав по кој пат се движи Вања. Извади телефонот и точно ми покажа по кој пат се движела и тој и мајката имале апликација за следење на Вања. Прво снимки баравме камери од влезот спроти зградата и нѐ известија дека камерите не работат подолго време. После тоа отидовме од фризерницата на 50 метри од влезот точно на метро до пред скалите на зградата и цела улица. Газдарицата ни ги даде веднаш камерите да ги гледаме. Бевме заедно со Александар. Полицијата како жмурка да си играше си седеа и ништо не преземаа, затоа ние почнавме камерите да ги земаме. Враќаме од 7.10 на камерите до 07.30 гледавме, а враќа излегла во 7.22 минути. Ја немаше на снимките, и се чудевме зошто ГПС покажува таму, а неа ја нема. Ја прашав газдарицата дали камерите на и се во ред, или доцнат или напред, назад, таа рече дека 5 минути се напред. Му реков на Саша да се јави до кај Зорица да праша кога излегла од дома, и рече дека 7.35 така нешто или 7.40. Тогаш Зорица излегла. Сакавме да видиме дали Зорица ќе се појави на камерите. Да видиме дали е се во ред со камерите, не е е погрешен ден или слично.
А, Зорица точно во 07.40 се гледаше како излегува испаничена и телефонот го става во заден џеб“, изјави Трајковски.