Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија има десет дена од денес да ги прекине борбите во Украина или да се соочи со нови санкции, поставувајќи рок до 8 август.
-Десет дена од денес – им рече Трамп на новинарите кога го прашаа кој ќе биде точниот рок, објави телевизиската мрежа Ал-Арабија.
Американскиот сенатор Линдзи Греам предупреди дека претседателот Доналд Трамп сериозно планира да изврши притисок врз Русија и нејзините партнери за да ја запрат војната во Украина.
„За оние во Русија кои мислат дека Трамп не е сериозен, наскоро ќе видат колку грешат. Исто така, наскоро ќе видите дека Џо Бајден повеќе не е претседател. Време е да седнеме на преговарачка маса“, рече Греам.
Коментарите на Греам дојдоа откако поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го критикуваше Трамп, обвинувајќи го дека „ја игра играта на ултиматум“ и ризикува поширок конфликт, вклучително и потенцијална војна меѓу Русија и САД.