Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Индија и Русија се чини дека се „изгубени“ за САД откако индискиот премиер Нарендра Моди и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа со кинескиот претседател Си Џинпинг оваа недела.
„Изгледа дека ги изгубивме Индија и Русија од најзатворената, најтемна Кина. Нека имаат долга и просперитетна иднина заедно!“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social со фотографија од тројцата лидери на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) што неодамна се одржа во Кина.
Си беше домаќин на повеќе од 20 незападни лидери на Шангајската организација за соработка (ШОС) во кинескиот пристанишен град Тјанџин, вклучувајќи го рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди.
Трамп: Ги загубивме Индија и Русија поради „мрачната Кина“