ТРАМП ГО ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО: Ги отстрани ознаките за тајност од информациите за убиството на Џон Кенеди

Трамп за време на кампањата вети дека ќе го направи овој потег кога ќе се врати во Белата куќа.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отстрани ознаките за тајност од информациите за убиствата на Џон Кенеди, Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг.

Трамп за време на кампањата вети дека ќе го направи овој потег кога ќе се врати во Белата куќа.

Во средата, во интервју за Фокс њуз, тој рече дека веднаш ќе објави доверливи документи поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди и борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг.

-Веднаш ќе ги објавам. Ќе ги видиме информациите. Во моментов ги гледаме, рече Трамп.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното