Долгоочекуваниот телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин се оствари. Претседателите се договорија да започнат преговори за крај на војната во Украина, а првата средба веројатно ќе се случи во Саудиска Арабија.
Трамп изјави дека Путин сака мир и верува дека прекинот на огнот ќе се случи наскоро. Тој исто така разговарал и со Зеленски, кој, иако претходно бараше четири учесници во преговорите (САД, Русија, Украина и ЕУ), можеби нема да биде дел од процесот, според сигналите од Трамп.
Трамп нагласи дека мирот е неопходен, додавајќи дека „треба да се постигне мир, бидејќи нивните луѓе се убиваат“.
Меѓутоа, групата „Вајмар+“, која вклучува претставници на ЕУ и земји како Британија, Германија и Франција, изрази став дека Украина мора да биде дел од преговорите и да добие силни безбедносни гаранции.
НАТО исто така истакна дека Украина треба да биде во добра позиција пред да започнат разговорите, со цел тие да бидат успешни и издржливи.
Трамп, и покрај поддршката за Украина, побара САД да имаат пристап до украинските ретки минерали, што веќе се договара со Киев преку американскиот секретар за финансии.