Трамп и Зеленски на средба во Белата куќа – ќе потпишат ли договор?

Во Белата куќа во Вашингтон, денеска ќе се сретнат украинскиот претседател Володомир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.

Тие ќе треба да го потпишат клучниот договор за минерали, а Киев се надева на враќање на американската поддршка против руската инвазија, додека САД ја менува својата политика кон Русите.

Договорот за минерали ќе го отвори огромното минерално богатство на Украина за САД, а Зеленски се надева дека овој договор ќе го охрабри Трамп да ги поддржи нивните напори за враќање на териториите кои беа заземени од Русија.

Амриканскиот претседател Доналд Трамп во последните недели го критикуваше Зеленски, нарекувајќи го „диктатор“ и барајќи од него да се согласи за договор за минерали. Меѓутоа Трамп негираше дека го нарекол Зеленски со тие зборови, а ја пофали храброста на украинската војска.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното