Трамп им се заканува на училиштата кои дозволуваат нелегални протести

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека „ќе го прекине целото федерално финансирање на училиштата и универзитетите кои дозволуваат нелегални протести“.

„Агитаторите ќе бидат затворени и/или трајно депортирани во нивните матични земји. Американските студенти ќе бидат трајно избркани или, во зависност од криминалот, ќе бидат уапсени“, напиша претседателот на својата социјална мрежа „Truth Social“ без да прецизира за кои демонстрации станува збор.

Минатата година, неколку американски универзитетски кампуси беа сцена на пропалестински демонстрации кои Трамп остро ги осуди за време на неговата изборна кампања.

Американската влада во понеделникот објави раскинување на договорот вреден 50 милиони долари со престижниот универзитет Колумбија во Њујорк, обвинувајќи го дека не ги заштитил своите еврејски студенти од поддржувачите на Палестинците.

Американскиот секретар за образование го критикуваше Универзитетот Колумбија за неговиот „еклатантен неуспех да биде одговорен“ пред сите негови студенти што „покренува многу сериозни прашања за неговата способност да продолжи да соработува со владата на Соединетите држави“.

Додека некои конзервативни држави на американскиот југ го ограничуваат учењето за расизам или сексуалност, Трамп дури ја објави својата намера да го укине федералното Министерство за образование.

За шеф на тоа веќе осудено тело ја назначи Линда Мекмахон, поранешната шефица на организацијата на борачите, на која и дал „задача да ја изгуби работата“.

Образовниот систем во Соединетите Држави е главно децентрализиран, но федералната влада има значително влијание врз финансирањето, особено за училиштата во сиромашните области и за децата со попреченост.

Трамп веќе скрати неколку видови школски финансирања за да се спречи препознавањето на трансродовите и другите политики за различности што тој ги отфрла.

Образованието е клучно бојно поле за американските конзервативци кои ги обвинуваат училиштата дека ги индоктринираат децата со ширење на идеите на движењето „Woke“, што е име за прогресивните погледи за сексуалноста и расата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното