Трамп ќе одлучи за напад врз Иран во рок од две недели

Американскиот претседател Доналд Трамп сериозно размислува за американски воен удар врз подземниот нуклеарен комплекс Фордо во Иран, изјавија извори блиски до администрацијата за Си-Би-Ес њуз.

Фордо се смета за најзаштитениот дел од нуклеарната програма на Иран, а Трамп верува дека неговото уништување е клучно за спречување на производство на нуклеарно оружје.

„Тој не чувствува дека има многу избор. Завршувањето на работата значи уништување на Фордо“, изјави извор за CBS News .

Иако некои американски медиуми тврдат дека Трамп веќе ги одобрил плановите за нападот, тој сè уште не донел конечна одлука. Во очекување на евентуална дипломатска иницијатива од Техеран, тој одлучил да почека уште две недели, откри портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит.

Трамп ја разгледува можноста Иран сам да го деактивира Фордо низ преговори.