Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека верува оти е многу блиску до договор за Газа, непосредно пред да влезе во хеликоптерот „Марин Уан“, објави „Скај њуз“ .
„Мислам дека можеби имаме договор за Газа“, рече Трамп, додавајќи. „Многу сме блиску до договор за Газа и изгледа дека имаме договор“, додаде тој.
Тој нагласи дека верува оти договорот ќе обезбеди враќање на заложниците и дека „тоа ќе биде договор што ќе ја заврши војната“. Трамп сè уште не даде дополнителни детали за неговото тврдење.
Претходно денес, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше првиот говорник на денот на 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, а неговиот говор беше одржан во атмосфера каква што ретко се гледа. Штом тој застана на говорницата, околу стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против политиката на Израел во Газа.
На самиот почеток, Нетанјаху рече дека Израел „мора да ја заврши работата против Хамас во Газа“. После тоа, тој директно му се обрати на Хамас: „Спушти го оружјето. Пушти ги моите луѓе. Ослободи ги заложниците. Сите, сите 48. Ако го сторите тоа, ќе преживеете. Ако не го сторите тоа, Израел ќе ве гони“, рече тој.
Нетанјаху голем дел од својот говор го посвети на одбрана на воената кампања на Израел и отфрлање на обвинувањата за геноцид. „Обвинението за геноцид е лажно. Се вели дека Израел намерно ги таргетира цивилите. Дами и господа, вистината е спротивна“, рече тој.
Читај и ова:
- 1.Паника во Полска: Аеродромите се затворени, луѓето бараат соборување на руските авиони
- 2.ЈАКИМОВСКИ СО ШОКАНТНИ ОБВИНУВАЊА: „Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош преку фирма набавува лекови за Онкологија, затоа доцнат терапиите“
- 3.Дневен хороскоп за 28 септември 2025 година
- 4.Јаделе сендвичи со пилешки стек па добиле симптоми на труење – затворена сендвичара во Штип
- 5.ФОТО Трчал 1,5 километри секој ден 100 дена – погледнете како му се трансформирало телото