Трамп на оваа маса ќе ги потпише првите претседателски одлуки

Откако положи заклетва како 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави пред илјадници поддржувачи во арената Капитол Уан, ДОНАЛД Трамп ќе одржи говор и ќе ги потпише првите извршни наредби за кои зборуваше во својот инаугуративен говор.

Се очекува тој да потпише одредба дека едно лице не може да има право на државјанство само затоа што е родено во САД

Се очекува тој да потпише извршна наредба со која се воведува вонредна состојба на јужната граница на САД со Мексико, што ќе овозможи вклучување на војската во решавањето на проблемот со илегалната миграција и цела низа одредби главно поврзани со имиграцијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното