4NEWS.mk

Трамп на шега до Путин: Не ни се мешајте во изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во шега му рече на рускиот претседател Владимир Путин да не се меша во изборите во САД.

Запрашан од новинарите дали ќе го постави прашањето за мешање во изборите на состанокот со Путин во Осака, каде што се одржува самитот на Г-20, Трамп рече:

– Да, се разбира дека ќе го поставам.

Потоа, смеејќи се, се сврте кон Путин и го впери прстот кон него.

– Не се мешајте во изборите, ве молам. Не се мешајте во изборите – рече Трамп.

Путин, исто така, реагираше со насмевка на целата ситуација.

 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни