Трамп најави можност за повлекување од мировните преговори за Украина

Доналд Трамп може да се повлече од мировните преговори во Украина поради повторени обвинувања за корупција против неколку блиски сојузници на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави синот на американскиот претседател, Доналд Трамп помладиот.

Зборувајќи на форум во Доха, Трамп помладиот рече дека Украина е „многу покорумпирана од Русија“ и го нарече Зеленски „еден од најголемите маркетери на сите времиња“, објави Си-Ен-Ен.

На прашањето дали има претчувство дека неговиот татко ќе се повлече од мировните преговори, тој одговори: „Мислам дека можеби ќе се повлече“.

Неговите коментари следеа по тридневниот состанок во Мајами меѓу претставниците на Киев и Вашингтон, по што двете делегации дадоа позитивна оценка, наведувајќи дека разговорите биле продуктивни, но дека нема многу ново, бидејќи прашањата за безбедносните гаранции и територијалните прашања сè уште остануваат отворени.