Трамп незадоволен што ФЕД не ги намалува агресивно каматните стапки, сака да го отстрани Пауел

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно го изрази своето незадоволство од неуспехот на американската централна банка агресивно да ги намали каматните стапки, наведувајќи дека не може доволно брзо да го смени претседателот на Федералните резерви Џером Пауел.

„Цените на нафтата се намалени, цените на храната се намалуваат (дури и јајцата), а САД се збогатуваат со царините. Пауел одамна требаше да ги намали каматните стапки, како Европската централна банка, но дефинитивно треба да ги намали сега. Отстранувањето на Пауел не може да дојде доволно брзо“, рече Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“.

Пауел вчера рече дека царините наметнати од Трамп на голем број земји ја поттикнале Федералните резерви да побараат „поголема јасност“ за влијанието на промените во политиката во областите како што се имиграцијата, даноците, регулативата и царините, пред да донесе одлука дали да ги намали каматните стапки.

Трамп го назначи Пауел на чело на Федералните резерви во 2018 година, а тој доби втор четиригодишен мандат од претседателот Џозеф Бајден во 2022 година.

Пауел во ноември посочи дека нема да се повлече доколку Трамп побара од него да поднесе оставка, наведувајќи дека смената или деградирањето на највисоките функционери на Федералните резерви „не е дозволено со закон“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното