Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека планира да има телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин или оваа недела или почетокот на следната недела.
„Да, тоа ќе се случи“, изјави тој вчера пред новинарите, осврнувајќи се на можен телефонски разговор со рускиот лидер, додавајќи дека тоа би можело да се случи „оваа недела или почетокот на следната недела“, според Би-Би-Си.
Трамп, исто така, објави дека е посветен на решавање на конфликтот во Украина.
Трамп планира телефонски разговор со Путин во наредните денови