Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше НАТО по средбата со генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, наведувајќи дека НАТО „не беше тука“ кога Соединетите Американски Држави имаа потреба, во контекст на војната во Иран.
„И нема да биде тука ако повторно ни биде потребно“, изјави Трамп во објава на својата платформа Truth Social.
Трамп во пораката го спомена и Гренланд, автономна територија на Данска, за кој повеќепати кажал дека сака да го анектира.
„Да се сетиме на Гренланд, тој голем, лошо управуван дел од мразот“, рече Трамп.
Американскиот претседател ја даде оваа изјава по средбата со Руте, кој рече дека во средата имал „искрен и отворен“ разговор со американскиот претседател.
Портпаролот на НАТО соопшти дека Руте, по средбата со Трамп, нагласил дека е важно сојузниците да продолжат да се ангажираат за создавање посилен и пофер сојуз, пренесува Скај њуз.
