Трамп помладиот поткупувал бездомници за да му бидат поддржувачи на Гренланд?

Доналд Трамп Јуниор, син на новоизбраниот претседател на САД, и неговите пријатели, наводно, регрутирале луѓе во Гренланд за да дејствуваат како поддржувачи на Трамп во видеа во замена за бесплатен ручек во скап хотел.

Данското радио ДР објави дека од повеќе извори слушнало дека во видео материјалите, снимени за време на кратка посета на Гренланд, може да се забележат бездомници и луѓе кои често се задржуваат пред продавницата до хотелот.

„Тоа се бездомници и стари луѓе кои одеднаш јадат во ресторан каде што никогаш претходно не биле“, изјавил за ДР долгогодишен жител на главниот град Нук.

Сè што требаше да направат е да ги стават капите „Make America Great Again“ и да учествуваат во кадрите. На снимката објавена од весникот „Екстра Бладет“ се гледа како луѓето на Трамп им приоѓаат на минувачите на улица и им делат капи МАГА.

Еден поддржувач на Трамп ги отфрли тврдењата.

Во објава на социјалната мрежа „Truth Social“, идниот и поранешен претседател на САД им се заблагодари на жителите на Гренланд што биле „толку љубезни“ кон неговиот син и членовите на неговиот тим.

Како што беше претходно објавено, Трамп Јуниор пристигнал на Гренланд пред три дена за да сними подкаст.

На прес-конференцијата во вторникот, денот кога неговиот син беше на Гренланд, Трамп рече дека не ја исклучува можноста за воен или економски притисок да го стави под контрола најголемиот остров во светот.

Неговите изјави беа сфатени сериозно во Данска, која владее со Гренланд, но и во други европски земји од кои беа упатени критики кон новоизбраниот претседател.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното