Трамп повторно шокираше: САД ќе го преземат Појасот Газа!

Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, остро ја критикуваше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Газа , опишувајќи ги таквите идеи како „апсурдни и смешни“, предупредувајќи дека тие можат да предизвикаат дополнителни конфликти во регионот и да го „запалат“, објави Ројтерс.

Трамп за време на заедничката конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека САД сакаат да ја преземат контролата врз Газа, да ја исчистат областа од опасните бомби и друго оружје и да ја обноват уништената инфраструктура.

Тој рече дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа и ја опиша својата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.

Тој, исто така, истакна дека САД ќе обезбедат економски развој со неограничени работни места и домување за луѓето во областа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното