ТРАМП ПРЕД ПРЕГОВОРИ СО КИНА: Царините од 80 отсто изгледаат праведни

Додека кинеските и американските претставници се подготвуваат за преговори во текот на викендот, американскиот претседател Доналд Трамп му даде инструкции на министерот за финансии Скот Бесент од каде да започне со пазарењето.

Тој ги остави упатствата на социјалната мрежа Truth Social:

„Царините од 80 отсто за Кина изгледаат исправни. Одлуката е на Скот Б“.

Американскиот министер за финансии и главен трговски преговарач Џејмисон Грит ќе се сретнат со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг во Швајцарија за да разговараат за првите чекори во решавањето на трговските спорови.

„Кина треба да го отвори својот пазар кон САД, тоа би било многу добро за нив!!! Затворените пазари веќе не функционираат“, напиша тој и на својата социјална мрежа, давајќи тон на претстојните преговори.

Шефот на Белата куќа ги зголеми царините за увоз од Кина на 145 отсто, а Кина возврати со ограничување на извозот на некои ретки минерали и ги зголеми царините на 125 отсто.

Администрацијата на Трамп ги опиша преговорите во Женева за време на викендот како чекор кон деескалација на тензиите со Кина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното