Трамп: САД нападнаа брод покрај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека САД погодиле брод за кој тврдел дека транспортирал дрога во меѓународни води крај брегот на Венецуела.

„Согласно моите континуирани овластувања како врховен командант, утрово секретарот за војна нареди смртоносен кинетички удар врз брод поврзан со назначена терористичка организација (DTO) вклучен во трговија со наркотици во зоната на одговорност на Јужната команда на САД – веднаш до брегот на Венецуела“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Како што изјави, разузнавачките служби потврдија дека бродот се занимавал со трговија со наркотици, дека бил поврзан со нелегални наркотерористички мрежи и дека пловел по позната рута на DTO.