Трамп: Само што ставивме крај на суспензијата на споделувањето разузнавачки информации со Украина

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека ја прекинал суспензијата на размената на разузнавачки информации со Украина, како и дека очекува добри резултати од претстојните разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија.

„Штотуку ставивме крај на суспензијата на размената на разузнавачки информации со Украина“, им рече Трамп на новинарите за време на летот со претседателскиот авион Ер Форс 1, пренесува Ројтерс.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф минатата среда изјави дека САД го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина, потсетува Ројтерс, додавајќи дека тоа извршило притисок врз претседателот на Украина Володимир Зеленски да соработува со Трамп кога станува збор за мировните преговори со Русија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното