Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека францускиот лидер Емануел Макрон пред Белата куќа.
Макрон е првиот европски лидер кој го посети Трамп во Белата куќа откако тој го освои вториот мандат на претседателските избори во ноември минатата година и положи заклетва на 20 јануари оваа година.
Главна тема на разговорот меѓу Трамп и Макрон ќе биде ситуацијата во Украина и пресвртот во позициите на САД, кои ја оставаат Европа да управува со испораката на помошта за Киев.
Денешниот состанок во Белата куќа се одржува на третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Според најавите од Париз, се очекува Макрон да го предупреди Трамп да не го менува ставот по прашањето за Украина, за да не изгледа слаб во однос на рускиот претседател Владимир Путин.
По почетокот на средбата, Трамп им се обрати на присутните новинари и рече дека неговата мисија е да стави крај на војната „оваа одвратна војна во Украина“. Тој рече дека веќе е започната потрагата по решение за завршување на војната.
Макрон одговори дека Европа е подготвена да инвестира повеќе и да ја зајакне својата армија и одбрана.