Трамп: Украина сѐ уште не покажала доволно желба за мир – сакам тие да сакаат мир

Украина сè уште не покажала доволно желба за мир за да ја врати американската помош, изјави претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој е убеден дека Киев ќе потпише договор за минерали со Вашингтон.

-Сакам да сакаат мир. Не го покажаа до степен до кој требаше да покажат токму сега. Иако сè уште не го покажале, мислам дека ќе го покажат и тоа ќе стане очигледно во следните два до три дена, им рече Трамп на новинарите на враќање од Флорида во Вашингтон.

Тој изрази надеж дека ќе се постигнат добри резултати за време на планираните американски разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија и дека ќе биде постигнат значителен напредок во текот на неделата, пренесува Ројтерс.

Трамп, исто така, додаде дека Вашингтон е блиску до постигнување договор со Киев за прекин на паузата кога станува збор за размена на разузнавачки податоци.

Запрашан дали планира да воведе санкции кон Русија, Трамп одговори дека ќе разгледа многу прашања во поглед на претстојните големи состаноци во Саудиска Арабија, кои ќе ги засегаат и Русија и Украина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното