Трамп воведува царини од 104 отсто за Кина, стапуваат на сила вечерва – Макрон му упати апел

Портпаролката на Каролин Левит денеска потврди дека дополнителните царини од 50 отсто за кинеските производи ќе стапат на сила вечерва во 12:01 часот по EST или во 6 часот по македонско време.

„Тарифите стапуваат на сила вечерва во 12:01 часот. Така, всушност, утре“, рече Левит, на прашањето дали ќе се изврши заканата на претседателот Доналд Трамп за Кина.

На дополнително прашање за евентуален договор со кинескиот претседател Си Џинпинг, Левит рече:

„Претседателот верува дека Кина сака договор со САД. Кина мора да постигне договор со САД“.

„Не беше погрешно да возвратат. Кога Америка ќе биде погодена, таа го возвраќа посилно“, рече таа.

Минатата среда, Трамп објави дополнителна царина од 34 отсто за целиот кинески увоз, со што вкупните царини се над 54 отсто.

Кина тогаш одговори со воведување контратарифи од 34 отсто за американските стоки.

Трамп потоа предупреди дека ќе додаде уште 50 отсто царина доколку Кина не ги повлече своите контрамерки до денешниот рок. Кина не го стори тоа, така што вкупната царинска стапка за кинески увоз во САД сега ќе биде 104 проценти.

Макрон го повика Трамп да ја смени одлуката за царини

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Трамп да ја „отповика својата одлука“ за воведување глобални царини.

Зборувајќи со новинарот на Le Parisien за време на посетата на Египет, Макрон рече: „Европа никогаш не сакаше хаос“.

Тој додаде дека Европската комисија го предводи одговорот на земјите-членки на ЕУ.

Трамп планира да воведе данок од 20 отсто на увозот од ЕУ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното