Трамп за царините на увозните автомобили: „Не ми е грижа ако цените пораснат“

Во интервју за НБЦ Њус, Доналд Трамп изјави дека неговите постојани царини на автомобилите произведени во странство ќе бидат поттик за фабриките со седиште во САД и е уверен дека овој потег ќе доведе до зголемување на продажбата на автомобили произведени во Америка.

Трамп во саботата нагласи дека не ги предупредил раководителите на автомобилската индустрија да не ги зголемуваат цените кога ќе стапат во сила царините на автомобилите произведени во странство, велејќи за НБЦ Њус дека „не му е грижа“ ако тоа и го направат.

Белата куќа се подготвуваше на 2 април да воведе нови царини на низа производи за широка потрошувачка, потег што предизвика критики од меѓународните лидери и загриженост за потенцијално зголемување на цените за потрошувачите. Во интервју за NBC News, Трамп изјави дека неговите постојани царини на автомобилите произведени во странство ќе бидат поттик за фабриките со седиште во САД и е уверен дека овој потег ќе доведе до зголемување на продажбата на автомобили произведени во Америка.

„Се надевам дека ќе ги зголемат цените, бидејќи ако го сторат тоа, луѓето ќе купуваат автомобили од американско производство“, изјави Трамп.

Трамп тврди дека ќе размисли за преговори за царините само „ако луѓето се подготвени да ни дадат нешто со голема вредност“. Царините се дел од напорите на Трамп за промоција на американското производство и намалување на трговскиот дефицит на земјата.

Трговската политика на Трамп беше клучен фокус на неговиот претседателски мандат, со постојани тензии со главните трговски партнери.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното