Свет

Трамп засега се откажува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

Трамп засега се откажува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов не планира да учествува во организирање на билатерална средба меѓу лидерите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, потврдија извори во неговата администрација.

Висок функционер на администрацијата на Трамп оцени за „Гардијан“ дека ситуацијата е во позиција на Трамп да почека и да види дали може да се закаже средба меѓу Путин и Зеленски.

Американскиот претседател им рече на високите советници дека трилатералната средба, на која ќе учествува и тој, ќе се одржи откако прво ќе се сретнат лидерите на Русија и Украина, со што ќе се повлече од преговорите за завршување на војната во Украина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни