Едно лице го загуби животот шестмина се повредени откако утринава во центарот на Белград трамвај излета од шините. Трамвајот со бројот 12Л на крстосницата меѓу улиците Ресавска и Крунска, се судри со возило Дачија, и од силината на ударот излета од шините и удри во пешак кој настрадал.
Тешки повреди заработиле возачот на трамвајот и возачот на автомобилот „Дачија“. Тие се пренесени во болница.
Три патници од трамвајот, меѓу кои и бремена жена, со полесни повреди се пренесени исто така во болница. Градот се обидува да го врати трамвајот на шините и да го однесе на поправка.
Градоначалникот на Белград Зоран Радојичиќ беше на местото на настанот и истакна дека камерите кои се наоѓаат на улиците, ќе помогнат околу истрагата.