Со тек на времето обичните сапуни се заменети со некои од течните варијанти или екстра мирисни парчиња, но сапунот, без разлика каков има облик, засекогаш ќе има свои предности. Иако редовно се гледаат во купатилото, сепак сапуните имаат бројни примени кои воопшто не се однесуваат на хигиената.
Која е всушност целта на сапунот? Сапунот е доволно приспособлив да ја надмине својата основна функција, односно миењето. Може да се користи и во затворен простор и на отворено. Доколку и понатаму го чувате сапунот само во купатило, тогаш треба да се знае дека е одлична идеја сапунот да се чува во секоја просторија од домот. Еве зошто:
1. Убоди од инсекти
Доколку ве мачат убоди од инсекти, наводенето го сапунот и со него трлајте на местото каде што ви е убодот.
2. Шкрипење на предмети
Против шкрипење на врати, прозорци, фиоки или подови, поминете го со сув сапун одреденото место кое шкрипи (обично на шарките или шините).
3. Превенција од магла
Мразите ли кога очилата ќе ви се замаглат? Исчистете ги со малку сув сапун и избришете ги со чиста ткаенина. Можете да ја користите истата метода за го спречите замаглувањето на огледалото во купатило.
4. За ослободување заглавени предмети
Патенти и прозорци кои се заглавени можат да се „подмачкаат“ за полесно да се одглават, само треба да се поминат со сум сапун.
5. Отстранување непријатна миризба
Наместо да користите миризливи свеќи, освежето го својот плакар, фиоки и багаж со оставање сапун таму каде што сакате да ви мирисаат работите.
6. Отстранување дамки
Ако имате жолти траги на крагната или некоја дамка на облеката, намачкајте сапун врз нив и оставете го да стои се до перењето.
6. Градинарство
Отстранете ги инсектите, глувците и другите штетници од градината со парчиња сапун. Ако не знаете како да ја заштитите градината од нив, исечете сапун на половина и ставете неколку делови на метална или дрвена шипка, и на тој начин наредете ги околу градината. Парчињата сапун можете и да ги закачите да висат.
7. Тесни чевли
Доколку е тврда кожата на чевлите намачкајте сапун на деловите каде чевлите предизвикуваат проблем, како што се горните внатрешни делови и аглите.
8. Подмачкување метал
Пред да почнете со ковање, намачкајте ги клинците со сапун за да ги подмачкате. Истото можќе да се направи и со останатите алати, игли за шиење и слично.
9. Грчеви во нозете
Може да звучи како „бабинска приказна“, но ставете сув сапун меѓу постелнината, за да спречите појава на грчеви во нозете во текот на ноќта. Луѓето кои го пробале тоа тврдат дека делува.
10. Се користи за обележување
Ако треба да означите линии за сечење додека кроите, користете сапун наместо креда или маркер.