Тренчевска: Владата на ДПМНЕ ги остави најранливите без помош за енергија!

Владата предводена од ДПМНЕ со новата Програма за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2025 година повторно ги става на маргините најранливите категории на граѓани.

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, укажува дека, за разлика од програмата донесена од Владата на СДСМ во јануари 2024 година, новата програма на Владата на ДПМНЕ значително го намалува опфатот на граѓани кои добиваат поддршка.

„Во новата Програма на Владата на ДПМНЕ, опфатени се само две категории граѓани – домаќинства со деца со попреченост и згрижувачки семејства, додека семејствата со ниски приходи и пензионерите со ниски пензии воопшто не се вклучени. Ова е директно кратење од најранливите“, вели Тренчевска.

Со оваа одлука, Владата на ДПМНЕ покажува дека не се грижи за социјалната правда и остава илјадници семејства без поддршка во време на економска неизвесност.

СДСМ потсетува дека во јануари 2024 година, Владата предводена од СДСМ донесе програма која обезбедуваше поддршка за сите ранливи граѓани, вклучувајќи ги и самците, семејствата со ниски приходи и пензионерите.

„ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не се грижи за граѓаните, туку за тесните интереси на одредени групи. Оваа Влада е социјално нечувствителна и е далеку од вистинска грижа за народот“, истакнува Тренчевска.

СДСМ останува на страната на граѓаните и ќе се бори за вистински социјални политики што никого нема да остават на цедило!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното